Фатиме Фетаи во ноември барала затвор за Васил Јованов

 

Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи уште во ноември побарала затворска казна за Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова од Неготино, на пешачки на Булеварот "Партизански Одреди".

Како што дознава Фокус, Фетаи побарала затворска казна, кој според првостепената пресуда доби воспитно-поправна мерка од шест месеци до пет години за продажба на марихуана и кокаин. Таа била задолжена да го застапува предметот пред Апелација, каде што поднела предлог да се одбие жалбата на Јованов, а да се уважи жалбата на скопското обвинителство кое барало построга кривична санкција.

Фетаи нагласила дека казната треба да биде поостра за да се спречат идни кривични дела и да се постигнат целите на казнувањето, и дека санкцијата била многу блага, пренесува Фокус.

Според Фетаи, првостепениот суд ги ценел олеснителните околности – младоста, неосудуваноста и студентскиот статус на Јованов, но занемарил дека тој  покажал манипулативно однесување, не ја признал вината и не покажал искрено каење. Исто така, дала и негативно мислење за укинување на притворот на Јованов, барајќи да остане зад решетки.

Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета Васил и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач.

Инаку, протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино за смртта на младата Фросина Кулакова.

Протестот ќе се одржи во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, кај семафорите.

Истовремено, објавена е и информација дека другарките на Фросина организираат бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш.

 

06.02.2025 - 11:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега