СЗО против користењето на електронски цигари

 

Светската здравствена организација (СЗО) денеска побара да се забрани употребата на електронски цигари во затворен простор и да се забрани нивната продажба на малолетници.

Организацијата побара и да се забрани нивното рекламирање со здравствени препораки, како што се оние дека е-цигарите помагаат при одвикнување од пушење, се додека не приложат соодветни научни докази или да добијат потврда од регулаторните тела.

На пакувањето треба да има натпис дека цигарите се опасни за младите и бремените жени.

Според СЗО, „постојат доволно докази децата, тинејџерите и бремените жени да се предупредат против употреба на електронските никотински инхалатори бидејќи изложеноста на никотин има долгорочни последици за развојот на мозокот“.

Забраната за употреба во затворени простории треба да стапи во сила, порачува СЗО, додека не се докаже дека никотинските испарувања не се штетни за околината.

27.08.2014 - 08:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега