Италија: Утврдени три случаи на новиот вирус на атипична пневмонија

Во талија беа откриени првите три случаи на новиот коронавирус, близок до причинителот на атипична пневмонија. Тамошните власти велат дека ја држат ситуацијата под контрола. Трите лица беа хоспитализирани во Фиренца, а станува збор за 45 годишен маж од Јордан, кој раотел во хотел, неговата двегодишна внука и негова колешка. 

-Во моментов ситуацијата е под контрола, изјави италианскиот министер за здравство.

Смртоносниот вирус за прв пат беше откриен во 2012 година кај маж од Саудиска Арабија. Има информации за заразени во Франција, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Германија, Тунис и Велика Британија. 

најчитано сега