Фалкао на позајмица за една сезона во Јувентус?

Колумбискиот напаѓач Фалкао во наредната година ќе го облече дресот на Јувентус, откако челниците на Монако ја прифатија понудата на „старата дама“ за едногодишна позајмица. 

Цели 20 милиони евра, но и привилегиран статус при неговиот евентуален трансфер е сумата што торинскиот клуб е подготвен да ја издвои, за да го доведе извонредниот напаѓач.

Фалкао е еден од најбараните играчи на фудбалскиот пазар, иако пред само еден месец се врати на фудбалските терени, опоравувајќи се од тешката повреда. 

Со него во тимот, Јувентус би можел да се надева на забележителен настап во фудбалска Европа.

25.08.2014 - 11:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега