Ни трага ни глас од нив- цела Србија трага по овие три млади животи

Цела Србија трага по овие три млади животи. Таткото на 17 - годишната Марина Стојановиќ од Белград за српски Ало вели дека ја бара насекаде својата ќерка но од неа ни трага ни глас.

- Секој ден откако Марина исчезна ја барам како полицаец. Ја барам покрај старото сајмиште каде што последен пат беше лоциран ензјиниот мобилен телефон, но од тогаш од неа нема ни трага ни глас, раскажува очајниот Игор.

Марина во вторникот отишла до продавница и од тогаш и се губи секаква трага.

Исто така пминаа 13 дена откако исчезна 22- годишниот Александар Јовановиќ од Србија, неговата мајка верува дека својот син е жив и апелираа до него да и се јави.

- Да знае дека го чекам, не ни сакам да помислам на најлошото. Мојот син не може да се самоубие. Тој беше отпишан до психијатерската болница како здрав.  вели Ѕвездана, мајката на Александар.

Српската полиција се уште трага по 14- годишната Ивана Подрашиќ која со денови не се има јавено на семејството, а полицијата верува дека девојчето влегло во проблематично друштво и се препуштила на пороците. 

25.08.2014 - 10:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега