Закани за бомби во неколку училишта во Загреб - учениците евакуирани
Неколку училишта во Загреб добија закани за бомби, објавија хрватските медиуми.
„Во текот на ноќта, образовните институции во областа на градот Загреб добија порака на нивните имејл адреси за можна поставеност на експлозивни направи. Полициски службеници се испратени на локациите и во моментов ја проверуваат веродостојноста на наводите во добиената електронска пошта“, соопшти хрватската полицијата.
„Неколку училишта во Загреб добија пријави за поставени експлозивни направи денеска. Во контакт сме со полицијата, чии пиротехничари веќе вршат увид во училиштата. Сите ученици се целосно безбедни надвор од училиштата, а сите надлежни служби преземаат максимални мерки за да се обезбеди нормализирање на ситуацијата што е можно поскоро“, потврдија од Град Загреб.
„Најостро го осудуваме овој неодговорен и опасен чин и изразуваме надеж дека сторителот(ите) брзо ќе бидат идентификувани и строго казнети“, соопштија од градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа