Одлучено: Еве кој ќе биде домаќин на Евровизија 2015
60- ото издание на Евросонгот кое ќе се одржи наредната година ќе биде во Виена. Двете полуфинални вечери се закажани за 19 мај и 21 мај, а финалето за 23 мај следната година.
По долго размислување Австрискиот национален телевизиски сервис – ОРФ ја одбра токму Виена или престолнината на оваа земја за домаќин на Евросонг, а Европската радиодифузна унија ја одобри одлуката.
Австрија ја доби улогата на домаќин по победата на Кончита на последното, 59-то издание на Евросонг.
24.08.2014 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа