Палестинските терористи погубиле 18 осомничени шпиони

 

Маскирани и вооружени луѓе на "Хамас" убиле седум осомничени израелски шпиони покрај џамија во градот Газа, кога верниците ја завршиле традиционалната петочна молитва, пренесуваат медиумите на оваа исламистичка организација.

Со нивното погубување бројот на наводните шпиони убиени денеска се искачи на 18, пренесува Асошиејтед прес. Претходно денес стрелачки вод на Хамас убил 11 луѓе во штабот на полицијата во Газа, наведено е на веб страната на Амас Ал Раи. 

Погубувањето уследи еден ден откако тројца високи командири на Хамас беа убиени во израелски воздушен напад на куќа на југот од појасот Газа. Денешното јавно стрелање се случило крај џамијата ал Омари во градот Газа. Очевидец изјавил дека маскирани луѓе ги наредиле седумтемина осомничени во споредната уличка и пукале во нив. Сведокот на погубувањето барал да остане анонимен, плашејќи се за својата безбедност.

 

 

22.08.2014 - 14:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега