ВИДЕО: Зашто се полеваат со вода? Единственото видео кое мора да го погледнете
Овие денови како цел свет да е зафатен со предизвикот "Ice Bucket Challenge".
Полевањето со ледена вода за многумина ја премина секоја граница и се прашуваат дали се изгуби хуманитарната цел на предизвикот.
Но видеото на Ентони Кабрахал е единственото видео кое треба секој од нас да го погледне, барем сите оние кои незнаат што е тоа АЛС - амиотрофична латерална склероза, опасна болест која го напаѓа невролошкиот систем. Болеста е прогресива, телото брзо пропаѓа, личноста станува потполно беспомошна и многу брзо умира.
На 26 - годишниот Ентони болеста му е дијагностицирана пред пет месеци. Истата болест ја има и неговата мајка, а од неа починала и неговата баба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа