Оделе на журки како ништо да не се случило - нови детали за убиството на Лука

Возачот на автомобилот со кој беше усмртен Лука Јовановиќ и девојките кои вечерта биле со него во возилото дефинитивно немаат ни ронка каење за грозоморното дело. Ова вчера за српскиот Курир го изјави психологот Александра Јанковиќ, анализирајќи ги профилите на девојките и убиецот.

- Нивното молчење било поради тоа што сакале да му помогнат на својот пријател, а од друга страна ќе направеле било што само да не бидат загрозени. Нивното однесување и тоа што продолжиле и понатаму да се забавуваат говори дека не покажале ни ронка каење, вели психологот.

Според зборовите на психологот, би било нормално нешто да превземат или да се запрашаат што ќе беше ако момчето било нивен брат или прјател. За разлика од тоа што би го направил секој човек, тие продолжиле лудо да си се забавуваат.

22.08.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега