Во судир на два автобуси загинаа 25 лица, повеќе од 50 се повредени
Најмалку 25 лица загинаа, а над 50 се повредени во сообраќајна несреќа на два автобуси во јужниот дел на Синајскиот Полуостров во Египет, јави ИТАР-ТАСС.
Несреќата се случила нешто по полноќ на пат на околу 50 километри од Шарм ел Шеик.
Според спасувачките екипи бројот на жртви може да се зголеми. Министерството за здравство на Египет соопшти дека меѓу повредените има Украинка, двајца жители на Саудиска Арабија и еден Јеменец. Тие се пренесени во меѓународна болница во Шарм ел Шеик.
22.08.2014 - 09:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа