По одморот под сенка на грчките плажи, СДСМ се откажа од влада во сенка

Дојче Веле повикувајќи се на извори од најголемата опозициска партија објави дека СДСМ донел одлука да не со формира влада во сенка, туку ресорски комисии , кои активно ќе ги следат проблемите и состојбите во секое министерство и ќе предлагаат решенија, мерки и активности.

Опозициските медиуми контролирани од Заев и СДСМ уште на крајот од мај пишуваа дека планирано е да се состави собрание во сенка, влада во сенка,  како и други тела што ќе бидат паралела на државните институции и ќе им покажувале како треба да работат. 

Владата во сенка е уште една ветена, а неостварена работа од СДСМ и Зоран Заев. Опозиционерите пред почетокот на летото ветија жешко лето со протести и собири по градовите, а наместо тоа отидоа на одмори и голем дел од раководството на партијата ги наполни грчките плажи.Лидерот на СДСМ денеска изјави дека изминатите два месеци зад нив била сериозна внатрепартиска работа, објавувајќи ја Стратегијата за политичко делување.

Исто така не се покажаа како точни тврдењата на опозицијата дека имаат стабилна коалиција, а секојдневните изјави дека ќе продолжат да се борат за враќање на демократијата паѓаат во вода, имајќи во предвид дека СДСМ вчера на дело ја покажа демократијата во сопствените редови, исклучувајќи ги од партијата оние кои имаат различно мислење од раководството, Солза Грчева и Љубица Буралиева.

21.08.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега