Еве колку треба да трае совршениот секс

 

Иако во денешниот свет, повеќето сонуваат за маратонски секс, истражувањата базирани на сознанијата на американските секс терапевти, психијатри, психолози и брачни советници - членови на Здружението за сексуална терапија - покажале дека за идеален однос потребно е помалку време отколку што многумина мислат.

Времетраењето на сексуалниот однос истражувачите го разделиле во различни интервални групи, а испитаниците имале задача да ги означат како премногу кратки, премногу долги, соодветни и пожелни.

Резултатите покажуваат дека сексуалната врска која трае 1-2 минути е премногу кратка, додека од 10 до 30 минути е премногу.

Според овие податоци сосема примерна должина на сексуалниот чин е од три до седум минути, а најпосакувана од седум до 13.

- Со ова истражување сакавме да ги разбиеме стереотипите за траењето на интимните односи и паровите да ги охрабриме за она што е прифатливо, велат истражувачите.

21.08.2014 - 13:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега