Мелбурн, Виена и Ванкувер се најдобрите градови за живот
„Економист интелиџенс јунит“ (ЕИУ) повторно го прогласи Мелбурн за најдобар град за живот во светот, а на листата меѓу топ 10 градови дури седум се во Австралија и Канада, додека некои светски метрополи како Лондон и Њујорк не се наоѓаат ниту меѓу првите 50.
Според истражувањето на ЕИУ, на второ место се наоѓа Виена, на трето Ванкувер, а потоа следуваат Торонто, Аделејд, Калгари, Сиднеј, Хелсинки, Перт и Окланд.
Цирих се наоѓа на 11 место, Женева на 12, Стокхолм на 15, Париз на 17, а следуваат Франкфурт, Токио, Берлин, Копенхаген, Осло, Луксембург, Амстердам, Брисел и Минхен.
Вашингтон, Атланта, Чикаго, Мајами, Детроит, Бостон, Сиетл и Лос Анџелес ги заземаат од 35 до 42 место.
Даблин е на 46 место, Милано и Рим на 48 и 49, а Будимпешта е 50-ти најдобар град за живот во светот.
Од 140 градови, кои се опфатени во извештајот, на самото дно се наоѓаат Дамаск, Дака, Лагос, Карачи, Алжир, Хараре, Триполи и Абиџан.
Меѓу критериумите на ЕИУ за одредување на рангот се стабилноста, здравствените услуги, образованието, безбедноста, климата, нивото на корупција, културните и спортски активности, инфраструктурата, поврзаноста со светот, густина на населението, квалитетот на јавниот превоз, нивото на загаденост, зелените површини...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа