"Син ми сега може да почива во мир" - таткото на Лука завиен во црно

 

Бојан Јовановиќ, таткото на Лука кој ја зави Србија во црно, вели дека сега конечно кога е откриено кој е убиецот, неговиот син може да почива во мир.

- Тоа не е радосна вест за мене. Потполно сум празен. Го видов тоа злобно лице и не ме ни интересира кој е. Мило ми е што е откриен убиецот и сега мојот син може да почива во мир, вели таткото за српскиот Ало.

Таткото додава дека ако на убиецот му се одредат осум години затвор, тоа е премала казна.

19.08.2014 - 21:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега