Голема трагедија во фамилијата на папата Францис

 

Аргентинската полиција извести за смртта на тројца роднини на папата Францис во несреќа во Аргентина, пренесува агенцијата АФП.

Роднините на папата Францис загинале во автомобилска несреќа во провинцијата Кордоба. Според извештајот на полицијата, загинале двајца правнуци на папата на возраст од 8 месеци и две години и нивната 39 - годишна мајка Валериа Кармона.

Внукот на папата, 35 - годишниот Емануел Хорацио Бергоглио се наоѓа во болница и е во животна опасност. Тој е син на покојниот брат на папата Францис, Алберто Бергоглио.

На автомобилот во кој патувале роднините на папата од Кордоба до Росарио налетал камион кој превезувал пченка.

 

19.08.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега