Притвор за таксистот кој му помогна на убиецот на Лука

Основниот Суд во Белград му одреди притвор од 30 дена на таксистот кој го возел убиецот на 21-годишниот Лука, Марко Миличев.

Другите пријатели на Марко се уште не се сослушани. Таксистот се сомничи за помагање во кривично дело, па му е одреден притвор поради опасноста дека може да влијае и на другите сведоци на кобниот настан. 

Убиецот на Лука, 33-годишниот Марко Миличев откако го усмртил младото момче, го оставил автомобилот и се качил во такси, а за таксистот да не проговори, му се заканил по неговиот живот.

- Ако некогаш на некого му споменеш дека си не видел, а не па дека си не возел...ти си мртов човек! Вака убиецот на Лука му се заканил на таксистот кој случајно се нашол на местото на настанот. Човекот кој има сопруга и дечиња, молчел исплашен и за својот и за животот на своето семејство, дознава АЛо.

19.08.2014 - 13:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега