Се огласи и мајката на девојката која била со убиецот на Лука - еве што кажа
Српската полиција ја приведе 23-годишната Тамара Богдановиќ која била во автомобилот вечерта кога Марко го прегази 21-годишниот Лука. Во семејството никој не сака да го коментира приведувањето на нивната ќерка, но српски Курир по неколку телкефонски повици успеале да воспостават контакт со мајката на Тамара.
- Навистина немам коментар, многу ни е тешко за тоа што му се случило на тоа момче. Ве молам оставете судот да одлучи за тоа. И ако можете пренесете им го нашето сочуство на семејството на младиот Лука, рекла мајката на Тамара за српски Курир.
19.08.2014 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа