Добар интерес за отпис на долговите - Ставрески и Спасов на терен
Започна поднесувањето за отпис на долговите од страна на граѓаните. Министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска го посетија Центарот за социјални работи во Гази Баба за да проверат како се одвива активноста и каков е интересот.
-Задоволни сме што не` информираа дека уште од отворањето на Центрите за социјална работа, граѓаните доаѓаат и се интересираат. Некои од нив веднаш поднесуваат барање, а некои ги земаат формуларите да ги пополнат дома задно со брачните другари и ќе ги вратат во Центрите. Има добар интерес, граѓаните се одзваа на можноста што им се дава за еднократен отпис на долговите, истакна Ставрески.
-Во текот на денешниот ден, досега се подигнати околу 2.000 барања од страна на примателите на социјална и постојана парична помош, подолго невработените лица од 12 месеци, оние кои се наоѓаат во социјален ризик и во потешка финансиска состојба како резултат на смрт на едниот од брачните другари или пак тешка здравствена состојба или инвалидност. Со овој проект ќе се помогне на голема бројка граѓани кои што се наоѓаат во навистина тешка материјална и финансиска положба и ќе се помогне во надминување на социјалниот ризик со кој се соочуваат, потенцираше Спасов.
Граѓаните кои денеска поднесоа барање за отпис на долговите, се задоволни од оваа владина мерка. Велат дека е од огромно значење за социјално ранливите категории.
-Ќе го искористиме правото кое ни го даде Владата за отпис на долг. Имаме стар долг за струја, вели брачен пар.
-Имам долгови за радиодифузна такса. Долговите ми се за неколку месеци од 2012 и 2013 цела година и многу сум задоволен од проектот. Благодарност до Владата. Ова е помош, вели еден невработен вдовец, кој денеска дојде во Центарот за социјални работи во Гази Баба да поднесе барање за отпис на долговите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа