Пекол во Македонија - еве до каде ќе оди живата на термометарот

Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер, кој во попладневните часови долж Повардарието ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 28 до 40 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој во попладневните часови вдолж Повардарието ќе се засилува.

Температурата до 36 степени.

Потоа во наредните денови ќе продолжи да се спушта посвеж воздух од север и ќе предизвика опаѓање на температурата за 7 до 10 степени во целава земја.

Зголемување на облачноста ќе има во сабота према недела, како и услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. 

14.08.2014 - 16:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега