СДСМ конечно призна: Еве каде летуваше Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев летувал во Грција. По неколкудневни обиди и серија упатени прашања на Бихаќка, денеска конечно дојде одговорот и тоа не како соопштение, туку како реакција на објавен текст дека опозицискиот лидер со денови крие каде бил на одмор. 
Press24 уште пред два дена разговараше со портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. Тој одговори дека Заев е во Македонија но како што ни кажа, не знаел дали претходно бил на одмор. Ни предложи лично да го прашаме опозицискиот лидер, но до него, тешко се доаѓа. 
Од СДСМ денеска велат дека ЗАев бил во Грција на свој трошок и ја прашуваат владејчката партија, кој го плаќа летувањето на Груевски.

„На чија сметка летува Никола Груевски во Бодрум, Турција? Дали луксузниот одмор на Груевски го плаќаат македонските граѓани и колку чини? Колку вкупно лица го придружуваат Никола Груевски и кој го плаќа нивниот ангажан? Која е основата некој друг да го плати одморот на Груевски и дали овој поклон е уредно пријавен од страна на Груевски?   ВМРО-ДПМНЕ му смета што на овие прашања власта нема одговори во исто време кога Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одморот го помина како голем број македонски граѓани, на сопствена сметка, во Грција“ - велат од СДСМ

Кабинетот на Груевски пред неколку дена објави дека премиерот е во Бодрум заедно со своето семејство на покана на турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган

14.08.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега