Неверојатно: Крадци се јавиле во полиција бидејќи ги следела жртвата!

Еден дечко од Сиетл заспал во автобус и бил ограбен од страна на маж и жена кои седеле на спротивното седиште во автобусот.

Откако тој се разбудил, ги обвинил за кражбата, тврдејќи дека не спиел, туку слушал музика и почуствувал веднаш штом музиката запрела. Кога отворил очи, видел дека жената го краде телефонот.

По подолга расправија во автобусот, мажот и жената почнале да ја удираат жртвата и избегале. Убеден дека е во право, дечкото продолжил да ги следи, со што крадците повикале полиција. Тие се жалеле дека човекот ги вознемирува и дека не го украле телефонот, се додека полицајците не го забележала украдениот телефон во џебот на жената.

Набрзо потоа, парот бил уапсен, а освен украдениот телефон, во џебот на жената биле пронајдени и наркотици.

14.08.2014 - 15:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа