Одморот му се претворил во пекол - нов случај на оштетена регистерска таблица во Грција

На Граничниот премин „Богородица“ вчера е пријавен нов случај на оштетена регистарска ознака од возило на македонски државјанин, соопшти денеска МВР. Оваа година ова е петти случај на оштетување на регистерски ознаки, а досега се регистрирани и девет кражби на регистарски ознаки.  

Лицето В.Ј. од Богданци пријавило дека се оштетени регистерските ознаки на неговото возило марка БМВ. На 13 август во туристичкото место Неа Потидеа на двете регистарски ознаки, со остар предмет, бил изгребан делот каде стои кодот „МК“. Случајот не е пријавен во грчката полиција.

Со овој нов случај  на оштетување на регистарски ознаки, бројката за оваа година достигна вкупно пет, а досега регистрирани се и девет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков тип со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Република Грција, стои во соопштението од МВР.

14.08.2014 - 15:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега