Заедно да го прославиме јубилејот на Влатко Стефановски

Македонски Телеком Ве поканува заеднички да го прославиме јубилејот на нашиот уметник со светско реноме Влатко Стефановски.

Во рамките на прославата „40 години на сцената“, следуваат два значајни концерти на кои ќе биде претставен богатиот музички опус на овој врвен уметник збогатен со најновиот, 32-ри албум по ред „Сеир“.

На 16 август (сабота) во Античкиот локалитет Хераклеа –Битола, ќе биде одржан концертот на Влатко Стефановски во рамките на Бит Фест, а на 19 август (вторник) ќе имаме можност да бидеме дел од заедничкиот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, кој ќе се одржи во Куршумли Ан – Скопје. И двата концерти се со почеток во 21:00 часот.

 

Македонски Телеком секојпат е тука да ги поддржи вистинските вредности, а како генерален спонзор на концертите ќе овозможи и изненадување за посетителите.  

14.08.2014 - 14:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега