Издадени 169 одобренија за градење

Во јуни годинава се издадени 169 одобренија за градење што е за 6,1 процент помалку во однос на јуни претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.933.421 илјади денари што е за 28,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 126 (74.6%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10.6%) за објекти од нискоградба и 25 (14.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 169 објекти, на 119 (70.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 50 објекти (29.6%) инвеститори се деловни субјекти.

Во овој период е предвидена изградба на 292 стана со вкупна корисна површина од 26 765 м2.

Најмногу одобренија 54 се издадени во Скопскиот, потоа 37 во Полошкиот, 20 во југозападниот, 15 во Пелагонски, по 14 во Вардарскиот и југоисточниот и девет во источниот регион.

14.08.2014 - 14:03
Фото: 
а1
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега