Наумов: Не смееме да чекаме власта да згреши за да победиме на избори

- Да ја искористиме шансата и да ја направиме СДСМ партија која победувам не да чекаме незадоволството од актуелната власт да ни донесе победа на изборите, рече еден од кандидатите за лидер на СДСМ Кире Наумов во својот говор пред делегатите на партискиот Конгрес, пренесува Бриф.

НАумов пред присутните истакна дека не се кандидира за власт, туку за позиција која е доволно моќна за да влијае врз промените во Македонија.

Според Наумов, СДСМ, на следните избори мора да ја победи актуелната власт на Груевски. Тој во својот говор потенцирал дека СДСМ треба да го покаже својот интелектуален капацитет и да стане партија која победува. Најголема грешка, истакнал Наумов пред сопартијците, е СДСМ да се надева на грешките на актуелната власт. 

најчитано сега