Внимавајте- регистриран првиот случај на западнонилска треска во Грција
Како што соопштија грчките здравствени власти, во Грција лабораториски е потврден првиот случај на лице заразено од западнонилска треска оваа година, пишува весникот „Елефтеротипија“.
Досега болеста беше откриена кај животни во северна Грција. Според грчкиот Центар за контрола и превенција на болести, заразен е маж на 85-годишна возраст во областа Атика, кој неодамна патувал и во други области на земјата.
Центарот истакнува дека во изминатите пет години вирусот на западнонилска треска се појавувал во летните месеци.
Вирусот се пренесува со убоди од комарци.
14.08.2014 - 09:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа