Вечерва пукање во Вевчани - најмалку еден убиен

Најмалку едно лице е убиено а уште три повредени откако вечерва околу 21:30, З.С. од се уште непознати причини во кафулето Пјаца во Вевчани, со пиштол почнал да пука кон 4 лица дознава Press24 од полициски извори. Едното лице починало на патот кон медицинскиот центар. Другите две лица се префрлени во медициснките центри во Охрид и Струга, а едно лице со приватен превоз се упатило кон Меицинскиот центар во Скопје. Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот. 
Од МВР го потврдуваат инцидентот но не откриваат повеќе детали. 
Последните неофицијални информации велат дека на пат кон болница починало уште едно лице, но за тоа, се уште нема официјална потврда од полицијата

13.08.2014 - 23:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега