ОБНОВЕНО: Едно лице вечерва загина во тешка сообраќајка пред Битола

Едно сеуште неидентификувано лице загина во тешка сообраќајка која вечерва околу 20 часот се случила во близина на слото Беранци на магистралниот пат Битола - Прилеп. Според информациите кои ги објави полицијата, во несреќата учествувало возило марка Фиат Пунто со ресенски регистерски таблички и товарно моторно возило со скопски регстрации. Во несреќата едно лице го загубило животот. Од МВР се уште нема информации за идентитетот на загинатото лице.
Во меѓувреме, ТВ Алфа објави дека станува збор за 29 годишно машко лице кое било сопственик на возилото. Од Клиничката болница во Битола велат дека е примено уште едно лице со тешки телесни повреди, кое е сместено во Службата за анестезија, реанимација и ин тензивна нега. Од 20 часот и петнаесет минути, сообраќајот на магистралниот пат Битола - Прилеп е во прекин поради увид на истражните органи, а сообраќајот се пренасочува преку стариот пат Битола - Прилеп од кај село Могила. 

 

13.08.2014 - 23:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега