Шокантно: Родени 30 ГМО бебиња!
Израсната е првата генерација на генетски модификувани луѓе во САД, соопштено е синоќа. Станува збор за 30 здрави бебиња кои се резултат на низа експерименти со генетски инжинеринг, што предизвика големи дебати во САД, пишува Дејли Меил.
Засега се извршени испитувања на две денес едногодишни бебиња и кај нив се пронајдени гени од тројца родители, односно луѓе чив генетски материјал е користен за создавање на овие суштества. Во двата случаи се работи за генетски материјал од две жени и еден маж.
15 ГМО бебиња се родени во изминатите три години и тие се експеримент на Институтот за репродуктивна медицина и наука Сент Барнабас во Њу Џерси. Сите се наменети за жени кои неможат да зачнат по нормален пат.
Генетичарите кои се противат на генетското модификување на луѓе велат дека вака се создава нова, вештачка раса. На тоа секако се противат и верниците од сите религии, кои сметаат дека Бог го створил човекот таков каков што треба да биде и дека луѓето не треба на тој начин да се мешаат во Божјата работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа