"Сега светот е помрачно место за живеење" - трогателно писмо од семејството на Робин Вилијамс
Семејството на актерот Робин Вилијамс кој го остави светот во шок и тага откако се самоуби, објави писмо за актерот со кое е јасно дека тоа ќе биде нивната единствена реакција на смртта.
Моето семејство секогаш останало дискретно за времето што го поминуваме заедно. Тоа беше нашиот начин да чуваме нешто за нас, со човекот што го делевме со целиот свет. Но сега, тоа е минато и чувствувам дека еден ден од мене повеќе не е тука. Мојот последен ден со него беше неговиот роденден и секогаш ќе бидам благодарна што моите браќа и јас можевме да минеме време со него и заедно да споделиме подароци и смеа. Тој секогаш беше топол, дури и во мрачните мигови. Иако никогаш, никогаш нема да разберам како тој што беше толку сакан не успеваше да најде доволно љубов за да остане, малку ми олеснува со мислата дека нашата загуба, делумно, ја делат милиони луѓе. Тоа не помага за да се намали болката но сепак тоа е терет за кој многумина знаат дека го носиме во себе, и толку многу луѓе ни дозволуваат да го намалиме теретот. Во благодарам за тоа. До сите оние кои испраќаат убави зборови, знам дека една од неговите омилени работи беше да ве насмее сите вас. До оние кои испраќаат лоши зборови, знам дека еден мал дел од него испраќа јато гулаби кон нивната куќа за да какаат на нивната кола. И тоа веднаш штом ја испрале. Тој обожуваше да се смее. Тато беше, е и секогаш ќе биде најдобрата, највеликодушната и најмеката душа што ја знам и ако има една работа која сигурно ја знам, една од нив е дека не само мојот свет, туку и целиот свет без него од денес е помрачен, побезбоен и недоволно полн со насмевки. Ние ќе работиме двојно повеќе за да го наполниме повторно, стои во трогателното писмо на децата на актерот кој знаеше да допре до сечија душа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа