Папата испрати порака до ОН: Обрнете внимание на „солзите и болката“ на ирачките христијани

 

Папата Франциско го обнови денеска повикот за меѓународни дејствија за запирање на страдањата меѓу религиозните малцинства во Северен Ирак.

Папата се обрати со таков апел во писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Ватикан ги повика вчера муслиманските религиозни лидери да ги осудат дејствијата на борците од Исламска држава во Ирак и истакна дека меѓународната заедница е должна да стори се што може во согласност со меѓународното право, за да го спречи насилството.

МИА

13.08.2014 - 16:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега