Тринаесет жртви во експлозија на бомба во Јемен

 

Десет цивили и тројца армиски деминери загинаа во експлозија на бомба што се обидувале да ја деминираат. Бомбата била поставена од бунтовниците на Ал Каеда во јужен Јемен.

Инцидентот се случил во селото Тибн во провинцијата Лахиџ и повредени се 13 луѓе. Бомбата се деминирала без да биде обезбедено местото, така што имало и цивили на местото на несреќата.

Експлозивната направа била оставена во близина на затвор. 

13.08.2014 - 16:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега