Листерија во Данска - 12 починати
Дванаесет луѓе починаа од зараза од бактеријата листерија во Данска во последниве 30 дена. Тие се заразиле јадејќи го данскиот специјалитет Рулеполс, произведен во мала фабрика за месни производи во близина на Копенхаген.
Фабриката е затворена, а нејзините производи се повлечени од пазарот, известија данските власти.
Листеријата е смртоносна бактерија која се појавува во салами, мелено месо и сирење.
Опасната инфекција не е новост во Европа. Во 2009. година во Германија и Австриа умреа шест луѓе, кои јаделе контаминирано сирење. Европската агенција за сигурност на прехрамбените производи наведе дека во 2011. година од листериоза боледувале 1470 лица, а секој десетти умрел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа