Црвенковски пристигнал “под рака“ со Заев и Јовановски - што се случува на Конгресот на СДСМ?
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Скопје го одржува редовниот 14. конгрес на кој треба да биде избран претседател на партијата, централен и надзорен одбор. На медиумите им беше дозволено присуство од само 30тина секунди, по што вратите се ззатворија, а новинарите останаа надвор. Информации за ткот на Конгресот ќе селектира и брифира само еден претставник на СДСМ.
Бранко Црвенкковски пристигнал на Конгресот, во друштво на кандидатите за претседател на СДСМ, Зоран Заев и Зоран Јовановски. Третиот кандидат за лидер на партијата, Кире Наумов, пристигнал сам. Досегашниот лидер на СДСМ, кој беше номиниран од Иницијативниот одбор, се очекува да ја одбие кандидатурата.
Неофицијално, за фаворит во трката за лидер се смета градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Според досегашните информации и проценки, мала е веројатноста новиот Претседател на партијата да биде избран уште во првиот круг. За избран ќе се смета кандидатот кој ќе добие над 50% од гласовите, под услов, да гласале најмалку една од третина од вкупниот број делегати.