Тројца се борат за живот – 15 повредени во автобуската несреќа

Петенаесет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која попладнево околу 16 часот се случи на патот Битола – Демир Хисар кај местото викано Бели Мост во близина на селото Лисолај. Тројца од повредените се во критична состојба и во моментов се хоспитализирани во битолската болница. Според МВР, во сообраќајката учествувале два автобуси. По сударот еден од автобусите излетал од патот и се превртел во река. 

12.08.2014 - 18:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега