Тесното сообраќајно грло станува минато - се реконструира патот Маврово-Маврови Анови

 

Со поставувањето на првите метри асфалтен слој, во близина на големите паркинзи, беше означен почетокот на работите на рехабилитацијата на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови. 

Од јавното претпријатие за државни патишта информираат дека до февруари идната година, ова ќе биде сигурна и безбедна сообраќајница.

- Проектот предвидува замена на стариот асфалтен слој со нов на делници каде ширината е 6 метри, а на делниците каде ширината е помала и соодветно проширување. На одредени делови ќе се прават и пешачки патеки за да се постигне поголема безбедност во сообраќајот, изјави Љупчо Георгиевски директор на ЈП за државни патишта.

Иако со децении се барало да се инвестира во оваа делница, тоа досега не беше направено. Ова е исклучително значаен зафат со кој и жителите и туристичките работници ќе имаат корист, подвлече Мехмеди.

Вредноста на зафатот изнесува 76 милиони денари.

 

12.08.2014 - 15:27
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега