На две места по 5 дена: Еве каде летува премиерот Груевски

 

Пет дена во Бодрум и пет дена во Фетије. Вака ќе изгледа годишниот одмор на премиерот Никола Груевски. Тој заедно со својето семејство, сопругата и ќерките на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган уште на 9 август замина на одмор. Во Турција ќе остане десет дена

„Премиерот Никола Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во времетраење од 10 дена, почнувајќи од 9 август. Одморот ќе го помине на две места, едното во близина на Бодрум, другото во близина на Фетије, по половина од времето“ - информираат од кабинетот на Груевски

12.08.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега