Монструмот во затвор не го посетила дури ни неговата мајка!
Драган Ѓуриќ, убиецот на 15-годишната Тијана Јуриќ, до денеска никој не го посетил во затворот,па дури ни неговата мајка. Како што дознава српскиот Ало, убиецот кој ја мачеше па брутално ја уби и закопа Тијана, не е во самица, но сам е сместен во соба со повеќе кревети, со оглед на тоа дека затворениците можат да го нападнат.
_ Ни овде не покажува емоции и воопшто не зборува. Само клима со главата. Храната му се носи во соба како и на останатите затвореници. Од петокот кога е сместен во затворот, до сега, никој го нема посетено, вели извор за српскиот АЛо.
Иако неговите мајка и сестра зборуваа дека сакаат да го посетат и да го прашаат зошто го направил делото и како можел, изгледа и тие не сакаат да го видат убиецот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа