Трагедија: Дете загина на грчкиот остров Миконос

Едно десетгодишно дете загина вчера на грчкиот остров Миконос, соопшти полицијата.

Детето се возело на популарната играчка „банана“ која ја влечел глисер. Во еден момент тоа изгубило рамнотежа и паднало во морето. Возачот го завртел глисерот и се вратил по детето, но го удрил со пропелерот на моторот и детето починало на лице место.

Возачот на глисерот и сопственикот на фирмата за игри на вода се уапсени.

 

12.08.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа