Во притвор 19 годишно момче - му се заканувало на премиерот

Под сомнение дека им се заканувал на српскиот премир Александар Вучиќ и на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, денеска белградската полиција го уапси 19-годишниот С.С., пренесуваат српските медиуми.

По налог на основниот јавен обвинител на младото момче му е одреден 48-часовен притвор.

Осомничениот на 10.август повеќепати се јавил на бројот 192 и им се заканувал на премиерот и министерот, се наведува во соопштението, но не се открива за какви закани станува збор.

11.08.2014 - 19:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега