Во Косово уапсени 40 лица поради екстремизам
Полицијата на Косово рано утринава во рамките на поширока операција уапси 40 лица на територијата на Косово, осомничени за учество во борбите во Сирија и Ирак.
Лицата кои се лишени од слобода по проценките дека нивното дејствување ја загрозува националната безбедност и заштитата на уставниот поредок, се од Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац, Призрен и Косовска Митровица.
Во акцијата се запленети и доказни материјали, вклучувајќи експлозивни средства и оружје.
11.08.2014 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа