Македонија против Белгија го отвара квалификацискиот циклус за Евробаскет 2015

Македонската кошаркарска репрезентација го започнува квалификацискиот циклус за учество на Евробаскет 2015 со мечот против Белгија, кој се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ "Борис Трајковски".

Квалификации играат вкупно 26 репрезентации распоредени во седум групи, а пласман ќе изборат сите првопласирани и шест најдобро второпласирани.

Во нашата Д група денеска ќе играат и Белорусија - Данска. Мечот почнува во 17 часот.

Поради безбедносната ситуација Украина ја откажа организацијата на Европскот првенство, па се очекува ФИБА Европа да одреди нов домаќин по завршувањето на квалификациите.

 

10.08.2014 - 13:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега