Манчестер Јунајтед припреми огромна сума за три засилувања
Манчестер Јунајтед со полна пареа работи на реализацијата на три трансфери за кои е спремен на исплати 156 милиони евра.
Најтрофејниот англиски клуб планира да ги доведе Артуро Видал, Ангел Ди Марија и Мехди Бенатија, пишуваат британските медиуми.
Менаџерот на црвените ѓаволи , Луис ван Гал даде зелено светло за реализацијата на трансферите со што би се зајакнала екипата за престојната сезона.
Видал веќе ги договорил личните услови и останува уште клубовите да се договорат околу оштетата. Јунајтед му понуди на Реал Мадрид 69 милиони евра за Ди Марија и најверојатно кралскиот клуб ќе ја прифати понудата, со можна мала корекција.
На Олд Трафорд се оптимисти дека ќе се договорат со Јувентуд и Реал, но преговорите со Рома околу Бенатија одат малку потешко
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа