Шакири нов тренер на Кукеши

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шаќири е поставен на тренерското место во албанскиот клуб Кукеши.

Како што јавуваат тамошните медиуми, Шаќири во новата сезона ќе го предводи еден од најдобрите албански клубови. Од македонскиот стратег се очекува освојување на шампионската титула.

Кукеши минатата сезона го освои второто место во најсилната албанска лига. Летово во квалификациите од Лигата на Европа, Кукеши беше елиминиран уште во првото квалификациско коло.

За 40-годишниот Шаќири, кој има богата фудбалска кариера со настапи во 15-ина клубови ширум Европа, ова е прв ангажман за тренер во странски клуб. Досега како тренер тој има работено само во Шкендија од Тетово сезоната 2012/13.

10.08.2014 - 12:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега