Диего Лопез преминува во Милан

Фудбалскиот клуб Милан на својот Твитер профил објави дека го ангажирале голманот на Реал Мадрид,  Шпанецот Диего Лопез.

Тој ќе биде официјално промовиран во Милано во понеделник

Според италијанските медиуми, 32 - годишниот голман со калчолигашот ќе потпише четиригодишен договор.

Диего Лопез минатата сезона во домашниот шампионат беше прва опција за тренерот Карло Анчелоти, но годинава со доаѓањето на Кејлор Навас и останувањето на Икер Касиљас, конкуренцијата на голманската позиција станува силна, а Лопез според шпанските медиуми не е миленик на првиот човек на клубот Флорентино Перез кој бил решен по секоја цена да го отстрани од тимот.

Лопез има важечки договор со Реал Мадрид до 2017 година и плата од четири милиони евра по сезона.

Во Милан, Лопез наводно ќе заработува 2,5 милиони евра годишно.

09.08.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега