Светскиот познат консултант Кемпкенс доаѓа во Македонија

 

Светскиот познат консултант Оливер Кемпкенс наскоро доаѓа во Македонија. За оние помалку упатените тој претставува дел од глобалната бизнис елита, која што ќе престојува во Македонија од 23 до 28 Август. 

Ваквата посета ќе има за цел да го анализира пазарот на високото образование и можностите за негово унапредување во нашата земја. 

Оливер во моментов работи на проект поддржан од руското Министерство за образование за тамошни пет универзитети да станат дел од најпрестижните сто универзитети во светот, неговото име веќе 12 години се поврзува со брендови како SAP, Francotyp-Postalia Holding, KFCS Group, медиумскиот конгломерат Sky Deutschland GmbH & Co KG, а во Македонија доаѓа на покана на Бизнис академијата Смилевски.

„Оливер Кемпкенс зад себе има големо искуство во светот на бизнисот и менаџментот, луѓето го препознаваат како еден од најиновативните менаџери во светот во 21 век, и нам ни претставува особена чест и задоволство што Македонија ќе ја посети личност од негов ранк и што секако ќе биде наш гостин. Во текот на неговиот престој, тој ќе оствари неколку средби низ земјава со бизнисмени, млади претприемачи, градоначалници и претставници од власта, на кои ќе разговара за можноста да инвестира со своите знаења и искуства во Република Македонија. “- велат од Бизнис академија Смилевски- БАС.

Повеќе на Факултети.мк

09.08.2014 - 12:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега