Извлечени двојките за четвртото коло во Лигата на шампиони
На денешната ждрепка во Нион беа извлечени двојките за четвртото коло во Лигата на шампиони.
Тимот на нашиот интернационалец Агим Ибраими, словенечкиот шампион Марибор, ќе игра против шкотски Селтик. Словенците се домаќини на првиот меч кој е закажан за 20 - ти август, а реваншот во Глазгов е на 26 - ти август.
Горан Пандев со Наполи ќе игра против Атлетик Билбао. Првиот натпревар се игра во Неапол на 19 - ти август, додека реваншот на Сан Мамеш е закажан за 27 - ми август.
Дуелот кој предизвикува најмногу внимание од сите парови секако е оној помеѓу Бешикташ и Арсенал.
Парови, ЛШ плејоф
Бешикташ – Арсенал
Стандард – Зенит
Копенхаген – Баер Леверкузен
Лил – Порто
Наполи – Атлетик Билбао
Марибор – Селтик
Салцбург – Малме
Алборг – АПОЕЛ
Стеауа – Лудогорец
Слован Братислава – БАТЕ Борисов
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа