Македонските текстилни компании го освојуваат скандинавскиот пазар
Македонските текстилни компании го освојуваат скандинавскиот пазар. На почетокот на годинава се претставија со свој штанд на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген.
- Треба да се земе предвид дека ова е сосема нов пазар и дека полека почнуваме да го освојуваме. Ова беше одлична можност македонските компании да се запознаат со модата, стилот и дизајните кои ги нудат овие брендови, велат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на туризмот.
Како што информира Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, компаниите се претствија со свој штанд, откако на почетокот на годинава за време на првото издание на саемот за текстил беше организиран бизнис настан со Б2Б средби и како резултат е иницирана соработка помеѓу македонски и компании од Данска и Шведска.
Заедничкиот настап на тектилните компании на саемот беше организиран од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Швајцарската програма за промоција (СИППО) и Текстилно Трговско Здружение на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа