Во потрагата по Тијана се вклучи и Интерпол

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, изјави дека истрагата за Тијана Јуриќ е комплицирана, но дека се надева на нејзино безбедно враќање.

Во потрагата по исчезнатата девојка се вклучи и Интерпол. "Исчезнатата личност има бемка на десната страна над усната и одвај видлив белег на брадата, како и хируршки белег на долниот дел од стомакот", пишува на сајтот на Интерпол. Стефановиќ изјави дека се работи на два нови правци до кои дошла истрагата, но дека е тоа многу осетлива работа. 15- годишната Тијана Јуриќ последен пат е видена на 26. јули во 00:25 часот, недалеку од спортскиот центар "Рата" во Бајмок.

 

05.08.2014 - 13:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега